Ламбрехт официјално поднесе оставка

Кристин Ламбрехт/ Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт денеска поднесе оставка до канцеларот Олаф Шолц, информира таа во соопштение за печат.

„Фокусирањето на медиумите на мојата личност веќе неколку месеци не дозволува воспоставување односи и објективни разговори за војниците, Бундесверот и насоката на безбедносната политика во интерес на германските граѓани”, се вели во соопштението на Ламбрехт.

Таа додаде дека напорната работа на војниците и на многу луѓе во нејзиното министерство мора да биде во прв план.

Сè уште не е објавено кој ќе ја замени.

Ламбрехт (57) беше министерка за одбрана од назначувањето на Шолц како канцелар во декември 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот