Ламбе Алабаковски е ослободен од домашен притвор, одземен му е само пасошот

Колаж: Слободен печат / Фото: Принтскрин, Фејсбук, Јутјуб

Заврши куќниот притвор за пејачот Ламбе Алабаковски кој се сомничи за подметнување пожар во културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола. Тој е ослободен опд домашен притвор, а одземен му е пасошот како мерка на претпазливост.

Настанот се случи на 4 јуни, во раните утрински часови кога Алабаковски со бензин го запали влезот на културниот центар по што изгоре влезната врата на објектот. Првично му беше одреден 8 дневен притвор, кој беше заменет со куќен притвор, со образложение дека постои можност за бeгство затоа што пејачот има двојно државјанство, македонско и на САД.

Алабаковбски се гони за предизвикување општа опасност по член 288 став 1 за што е предвидена казна затвор од 6 месеци до 5 години.

„Слободен печат“: Ламбе Алабаковски го палел клубот, ја запали јавноста!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот