Лајен: Од април очекуваме 100 милиони дози месечно

Урсула фон дер Лајен / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен очекува дека снабдувањето со вакцини против коронавирусот од април може двојно да се зголеми, што би значело околу 100 милиони дози месечно во вториот квартал.

Во интервју за виенскиот дневен весник „Стандард”, фон дер Лајен предупредува и на предвремениот оптимизам поради новите мутации на вирусот.

– Најверојатно, ќе треба долго време да се справуваме со овој вирус на глобално ниво, но работиме со сите сили со цел што е можно побрзо да се излезе од кризата што ги оптоварува луѓето, објасни таа.

Таа рече дека ЕУ е загрижена поради новите мутации, додавајќи дека постојните вакцини делуваат добро, но оти е можно во секој момент да се појави нова мутација, која може да биде отпорна на сегашните вакцини.

Во врска со ова, ЕУ тесно соработува со големите фармацевтски компании и ги поддржува нивните истражувања.

Фон Дер Лајен, исто така, рече дека е потребно да се скрати процесот на одобрување на вакцините, и смета дека тоа е можно преку побрза размена на податоци.

– Редовната вакцинација против коронавирусот и неговите мутации може да станат нормалност на долг рок, како што сме навикнати против грипот, рече претседателката на Европската комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот