Курц: ЕУ мора да го засили својот ангажман за проширување кон Западен Балкан

Австрискиот канцелар Себастијан Курц си поднесе оставка/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Австрискиот канцелар Себастијан Курц на самитот за Западен Балкан на Берлинскиот процес, истакна дека ЕУ мора да ги исполни своите ветувања.

– Унијата мора да го засили својот ангажман, имајќи ја предвид фрустрацијата во врска со нејзината улога на Западен Балкан, рече Курц.

– Ние мора да ги исполниме нашите ветувања, рече тој, осврнувајќи се пред сè на неисполнетото ветување за отворање пристапни разговори со Тирана и Скопје, пренесоа агенциите.

Курц изрази надеж дека ќе се постигне напредок за време на словенечкото претседателство.

Тој ја поддржа иницијативата на словенечкиот премиер Јанез Јанша за одржување на Самит на ЕУ за Западен Балкан во октомври.

Курц го подвлече ангажманот на Австрија за приближување на Западен Балкан кон Унијата и во тој поглед потсети на самитот што се одржа во Виена кон средината на јуни.

– Австрија секогаш ќе стои на страната на Западен Балкан, рече тој.

Според него, ЕУ е комплетна само кога сите земји од Западен Балкан ќе бидат членки на ЕУ.

Курц истакна дека е потребно да се зајакне соработката во областа на борбата против илегалната миграција.

– Бројот на илегални мигранти повторно расте и ние мора уште повеќе да ги поддржуваме нашите партнери на линијата на фронтот, рече тој.

Во исто време, Курц го поддржа инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан.

Германија денеска беше домаќин на осмиот Самит на Берлинскиот процес, што се одржа во виртуелна форма со вклучување на претставници на земјите од Западен Балкан и функционери на ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот