Курц повторно избран за лидер на ОВП

Себастијан Курц/ Фото EPA-EFE/FLORIAN WIESER

Австрискиот канцелар Себастијан Курц вчера е реизбран за лидер на конзервативната Австриска народна партија (ОВП).

Курц беше единствен кандидат и доби 99,4 отсто од гласовите на делегатите, додека кога првпат беше избран за партиски лидер во 2017 година гласаа 98,7 проценти од делегатите.

Триесет и петгодишниот австриски канцелар во својот говор истакна дека е цел на политичката опозиција и се претстави како противник на миграцијата и застапник на силна политика за интеграција.

Курц се осврна и на истрагата што се води против него поради наводно лажната изјава што ја дал во собраниската комисија во истрагата за корупција.

– Овие обвинувања се резултат на се поагресивното противење, посочи Курц.

Тој вети дека ОВП ќе продолжи да води политика за ограничување на миграцијата.

– За демократија, клучно е кој живее овде и во што веруваат луѓето… Земјата не може да прими повеќе луѓе отколку што може да се интегрира, посочи Курц.

Ставот на ОВП за миграцијата и нејзиното одбивање да прифати бегалци од Авганистан кои бегаат од талибанците предизвикуваат зголемени тензии со Зелените, партнер во австриската владејачка коалиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот