Кумовите Дац и Митевски порачаа: Цела година да ја направиме позитивна, не само 6 јануари
Во рамки на годинешната прослава на Бадник, со симболично сечење на бадникови гранчиња денеска во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно, се одржа традиционалната средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2022 година.
Препорачано
Симболичното сечење на бадниковото гранче први го направија годинашните кумови и здравичарот – Драган Спасов Дац и Александар Митевски и Живко Поповски Цветин.
На денешниот ден продолжува една традиција каде што би требало да си посакаме добро здравје, долговечност, и исто така многу среќа и подобар живот за сите нас. Верувам дека со продолжувањето на оваа традиција ќе овозможиме да ги поминеме овие празници во духот на долговечноста на доброто здравје, порача градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Годинашните кумови Драган Спасов Дац и Александар Митевски ги споделија желбите за здравје, среќа и долговечност.
Да бидеме живи, здрави, весели и среќни. Да живееме убаво, да ни се случува само она што го посакуваме, изјави Спасов Дац.
Митевски, пак, посочи дека уште кога го прифатиле кумството си дале ветување дека ќе го дадат најдоброто од себе.
Ветивме дека ќе дадеме максимум од себе целата година да ја направиме позитивна, не само 6 јануари што не очекува пред Соборниот храм, додаде Митевски.


