Кумот на Путин во иднина би можел да владее со Украина

 

По објавата на британското Министерство за надворешни работи дека има информации дека руската влада сака да го назначи Евгениј Мураев за лидер во Киев, се појавија информации дека тоа е целосно неточно и дека вистинскиот кандидат на Кремљ е Виктор Медведчук, украински олигарх и во кумски релации со рускиот претседател. Владимир Путин

 
Медведчук е еден од најбогатите луѓе во Украина, а Форбс неговото богатство го проценува на 620 милиони долари.

Рускиот претседател Владимир Путин е кум на неговата најмлада ќерка Дарја, а украинските власти го сомничат за велепредавство и обиди за грабеж на националните ресурси на Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

Тој е во домашен притвор од мај минатата година, а доколку биде прогласен за виновен му се заканува казна затвор до 15 години.

Пред две години, Советот за национална безбедност на Украина објави санкции против Медведчук, неговата сопруга Оксана Марченко и неколку други лица. Санкциите го замрзнаа имотот на Меведчук и Марченко на три години и ги спречи да работат во земјата.

Во февруари 2021 година, владата на претседателот Владимир Зеленски санкционираше и три телевизиски станици за кои се верува дека се во сопственост на Медведчук.

Потегот дојде набргу по разговорите меѓу американскиот државен секретар Ентони Блинкен и украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.

САД исто така воведоа и санкции Медведчук во 2014 година поради поткопување на демократијата во Украина.

Виктор Медведчук ЕПА -ЕФЕ

Од друга страна, Медведчук вели дека обвинувањата за предавство и обидот за грабеж на националното богатство на Крим се измислени за да се замолчи неговата критика кон украинската влада.

Пријателство со Путин и Медведчук датира од 2003 година , кога Медведчук беше шеф на претседателската администрација на Украина. Во 2004 година, Путин стана кум на најмладата ќерка на Медведчук, Дарја.

Според Медведчук, тоа било желба на неговата сопруга, Оксана Марченко која е една од најпознатите ТВ водителки во Украина.

Во интервју за „Индипендент“ во 2018 година, Медведчук тврдеше дека ја искористил врската со Путин за да помогне во размената на воените затвореници во конфликтот во Донбас.

Тој исто така изјави дека, за разлика од Путин, тој ги гледа Украина и Русија како два посебни словенски народи, со испреплетени истории и религија
„Постојано му укажувам на Путин дека Уркаина и Русија не се иста нација , изјави Медведчук.

Во својата книга „Сите луѓе на Кремљ“, објавена во 2015 година, рускиот новинар Михаил Зигар тврди дека Путин верува дека ниту едно прашање што ја вклучува Украина не може да се реши без Медведчук.

За Медведчук зборуваше и самиот Евгениј Мураев за кого западните рљзузнавачи тврдат дека ќе дојде на чело на Украина по рускиот напад

Мураев, кого Британија го обвинува за припадност на проруската струја, изјави дека Медведчук бил предодреден да биде лидер на Крим.

„Можеби нешто пропуштив, но мислам дека Русија има друг кандидат, тоа не го ни кријат. „Јас сум украински патриот“, и не сум баш вклопен во интересите на Москва изјави Мураев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот