Културен отчет: Шест онлајн настани на КЦ 750

Независниот културен центар КЦ 750 информираше дека во 2020 година реализирале шест онлајн активности. Поради пандемијата на вирусот ковид-19, оваа сезона со арт-фиќото не организирале настани на јавен простор, туку ширеле уметност на алтернативен начин, со онлајн претставување на изложби, инсталации и литературни читања. Своите дела во КЦ 750 ги изложија Тамара Забазноска, Филип Велковски, Будимка Поповска, Васко Марковски, уметничка инсталација подготви Ѓорѓе Јовановиќ, а беше претставена и поезијата на Ива Дамјановски.

Видео за сите настани може да се најде на Јутјуб-каналот на центарот. За да не остане сè само во виртуелниот простор, биле подготвени принтови со материјали од изложбите и читањата и дистрибуирани во поштенски сандачиња по случаен избор во повеќе скопски населби.

КЦ 750 е мал, мобилен културен центар, заеднички проект на Иван Шопов и Владимир Лукаш. Целта на проектот е развивање и поттикнување нови модели на искористување на јавниот простор за културни намени. Проектот е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 63, во новогодишниот број на печатеното издание на „Слободен печат“ на 31 декември 2020 – 3 јануари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот