14 C
Скопје

Куќата на Водно можеби крие многу тајни

Ако е точно дека Мијалков, откако се изгубил од „радарот“ на безбедносните служби, престојувал – намерно не велам дека „се криел“, бидејќи во тој момент бил обичен обвинет кој немал обврска да биде 24/7 „видлив“ за полицијата – во куќа на свој доверлив пријател, влијателен адвокат и бизнис-партнер, на Водно… И ако е точно дека на имотниот лист на таа скапа вила стои дека е компаниска сопственост на деловни ентитети од една позната (и омилена на фамилијата) оф-шор островска дестинација, каде не можете да им влезете во трагата на вистинските сопственици на скапи недвижности… Значи, ако е сето тоа точно – наспроти „педалинките“ што намерно ги вртат некои политички фактори и нивните пропагандни инсталации дека Мијалков тргнал, па дури и стигнал до Белград итн. – тогаш навистина има смисла да се направи темелна истрага за тоа кои се важните детали од општата бру-ха-ха со која се забавувавме целава измината недела.

Прочитајте и...  Додик, Човиќ, Груевски и Јанша: Сите патишта на проруските политичари водат кон Орбан

Таа истрага – ако сака Обвинителството – може да одговори на многу важни прашања за тоа како се одвивал „трилерот“ за „исчезнувањето“ на Мијалков и како е тој, конечно, фабрикуван баш на овој начин. Бидејќи, како и во случајот на „никогаш прежалениот“ кики-фрики скандал со „Рекет/(Поткуп)“, целта, некако, повторно ќе да била најголемата политичка штета да му се истовари директно пред портата на дежурниот правно-политички „маченик“ Заев.

Таквата истрага би можела да покаже дека некои од важните „мозоци“ и извршители и на оваа шарада се прилично слични, а имаат за цел да се поткопа, до рушење, напорот за реформа на правосудниот систем, од што директно зависи „природата“ на власта во државава. Не би ме изненадило ако истрагата покаже дека во тие напори учествуваат и високи функционери баш на тој систем.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Андоновиќ: Рекорден број на распоредени руски војници долж границата со Украина - најава за упад или заплашување?

Настрана што доколку ова сценарио за чирибу-чириба исчезнувањето и појавувањето на Мијалков се потврди како точно, тогаш раскопувањето на „дворот“ на Куќата на Водно може да исфрли на површина скелети од разни други сомнителни операции на поранешниот режим за кои СЈО немаше време и сили (и памет), а сегашните негови обвинителски наследници сигурно немаат голем интерес, да бидат ископани и форензички до крај истражени.

Доколку, пак, не се направи сериозна истрага за целиот овој случај – опортунитетите за тоа се протегаат по сите деликатни шавови на македонската политичка нестабилност во која живееме во последните 5-6 години – тогаш спомнатиот Заев може да смета дека само купил малку време до следниот сличен скандал што, повторно, ќе му го истоварат нему пред врата. Тој можеби има нерви и енергија да се расправа со такви драмолетки до бескрај, но добро би било да размисли дека и на неговите лојални соработници, а секако на голем дел од јавноста, ѝ е веќе преку глава од стресови и мајмунлаци што нон-стоп ги произведуваат истите подземни центри на моќ за авансирање на колку-полошо-толку-подобро состојбите во Македонија.

Прочитајте и...  Нон-пејперот може да прерасне во „лавина од мала топка снег“

Кој ми ја дојавил мене оваа теорија за „исчезнувањето на Мијалков“? Ќе ви кажам веднаш откако Рускоска ќе соопшти кој нејзе ѝ јавил дека Мијалков се подготвува за бегство… Не верувам дека изворите ни се исти, а можеби нејзините се посолидни од моиве.

Извор: Цивилмедиа

Поврзани вести

Родителите и наставниците гневни за дигиталните учебници: Следна реформа ќе биде модерни училишта без наставници!

Михаило Донев

Ел Паис за Македонија: Загадувањето и загрозеното природно и културно наследство се загрижувачки

Југослава Дуковска

Сите фирми не може да земат помош за плати: Еве кои можат

Февруарска плата сѐ уште не добиле 9.947 работници, а мартовска – 54.662

Весна Дамчевска

Вања има 27 години и се бори со рак, Ема на 22 години има Прадер Вили синдром: За нив нема вакцини затоа што се млади

Мирослава Бурнс

ВИДЕО | Николовски: Не се прекршени протоколите, пратеници имаат должност и обврска да му служат на народот

Остави Коментар