Кучето што усмрти дете во Пинтија не покажало агресивност- велат во Агенција за храна

фото: Flickr

Јавното обвинителство го превзема случајот во кој куче од расата булмастиф усмрти дете во Пинтија. Од Агенцијата за храна велат дека кучињата се уште се наоѓаат во Центарот за дресура на Министерството за внатрешни работи во Хиподром. Дали истите ќе бидат вратени на сопственикот не потврдуваат.

– Кучињата се уште се наоѓаат во Центарот за дресура на Министерството за внатрешни работи во Хиподром. Кучињата од расата булмастиф, кои на 11.04.2023 година учествуваа во несреќата во која до смрт беше искасано осум годишно момче во скопската населба Пинтија, по спроведениот надзор за болеста беснило и тестот за социјализација од страна на овластени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство, не покажаа ниту знаци на болеста ниту агресивност- велат од Агенцијата за храна.

Од таму велат дека постапката по овој предмет, ја презема и ја води Јавното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот