Кубански адут за борба со ковид-19: Вакцината „Соберана 2“ влегува во трета фаза на испитувања

Фото: EPA-EFE/YAMIL LAGE / POOL

Кубанската вакцина против ковид-19 влезе во трета фаза на клинички испитувања.

– Почна пријавувањето на 44.000 доброволци на возраст од 19 до 80 години за вакцината Соберана 2, соопшти кубанскиот Институт за вакцини „Финлеј“.

Првите дози на вакцината ќе бидат аплицирани во Хавана во текот на наредната недела. Доброволците ќе бидат поделени во три групи. Една група ќе прими две дози од вакцината во период од 28 дена, друга група ќе прими, исто така, две дози плус засилувач на имунитет, а третата група ќе прими плацебо.

– Третата фаза на испитување ќе заврши по три месеци од аплицирање на третата доза, истакнуваат од Институтот Јури Валдез.

Доколку резултатите бидат охрабрувачки, ќе се побара одобрение за итна употреба на Соберана 2 и пред крај на третата фаза на испитувањето.

Кубанските власти истакнаа дека планираат да го вакцинираат целото население во текот на 2021 година. Но, земјата е релативно поштедена од пандемијата и досега има регистрирани околу 53.000 случаи и 333 смртни исходи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот