Српска полиција / илустрација / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Крвав напад во Србија — маж провалил во куќата на неговата поранешна партнерка и со нож ги избол неа и нејзиниот дедо

Во српскиот град Крагуевац доцна синоќа се случило страшно злосторство, кога маж провалил во куќата на поранешната партнерка и со нож ја нападнал неа и нејзиниот дедо, кој се обидел да ја одбрани, пренесуваат српските медиуми. Насилникот им нанел тешки убодни рани на жената и на дедото во стомакот и во градите.

Според информациите, драмата се одвивала во семејна куќа во населбата Белошевац од засега нејасни причини, кога осомничениот Лука Б. со нож ја нападнал својата поранешна партнерка и нејзиниот дедо кој сакал да ја одбрани жената.

Двајцата повредени биле пренесени со амбулантно возило во критична состојба во Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац, каде итно биле примени во операциона сала со повреди опасни по живот. Нивната состојба сè уште е критична.

По нападот насилникот избегал, а полицијата веднаш го блокирала овој дел од населбата Белошевац во Крагуевац и започнала опсежна потрага. Осомничениот брзо е пронајден, совладан и однесен во полициската станица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот