Крстот од осветените охридски води во рацете на Мартин од Варош
Мартин Гоџоски од Варош го фати Чесниот крст што на празникот Богојавление – Водици денеска беше положен во осветените води на Охридското Езеро.
Препорачано
Мартин, најсреќниот помеѓу неколкуте стотини капачи, го фарти светиот крст и пред три години. Фаќачот на крстот традиционално заедно со својата тајфа денеска ќе ги посети домовите на охриѓани, честитајќи им го големиот празник Богојавление – Водици.
Чесниот крст во водите на Охридското Езеро беше положен од градското пристаниште, а чинот на полагањето го изврши Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Претходно беше отслужена богослужба и света литургија во црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Денес на Богојавление треба да размислуваме за тоа каква е нашата духовна облека, каква е нејзината чистота, каква ни е чистотата на срцето и каква е содржината на нашите дела и да размислуваме со колку чисти души и мирна совест стоиме пред отворените небеса од каде доаѓа гласот што води кон вечната вистина – пораче архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
На чинот на положување на Светиот крст присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.


