Крмов: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи уставните измени

Пратеникот на политичката партија Левица, Борис Крмов тврди дека според нивни извори, ВМРО-ДПМНЕ се има согласено за уставните измени.

Нашите извори велат дека сега нема да има пребегување на осум пратеници, туку ќе гласа цел парламент (освен Левица), за да им дадат покритие. ВМРО-ДПМНЕ има изгубено околу 100.000 гласа после Преспанскиот договор. Ако уште едно предавство како со Преспански се случи, со учество на ДПМНЕ, тие ќе влезат во процес на распаѓање – пасокизација, слично како што е моментално СДС. ДПМНЕ има едно осипување после Преспански, ако се дрзнат на уште едно предавство, за измени сега на Уставот, и ДПМНЕ ќе влезе во процес на распаѓање, изјави Крмов.

Додава дека потоа ќе остане само Левица како „политички субјект што ќе ги собере сите прогресивни сили“ кои сакаат да пружат отпор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот