Кривични пријави за лица кои нападнале инспектори по одземање на тутун и цигари
СВР Тетово поднесе кривична пријава против A.С.(40) од тетовското село Горно Палчиште, Н.М.(55) од село Селце, тетовско, и Б.З. (60) од Тетово, осомничени за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што денеска информираа од МВР, на 21.02.2020 на ул.„Маршал Тито” во Тетово, оштетената М.П.Г., заедно со нејзините колеги од Државен пазарен инспекторат А.В., К.Т., А.К.С. и Г.М., по претходна координација со Царинска управа, со две службени возила од Државен пазарен инспекторат, вршеле акција за одземање тутун и цигари, што нелегално се препродавале од страна на улични продавачи, покрај главната улица на Зелениот пазар.
– Откако дел од запленетата роба ја внеле во нивните службени возила, започнале да се собираат пазарџии и продавачи, меѓу кои и тројцата пријавени лица кои ги спречувале во извршувањето на нивната акција, упатиле закани и навреди со цел да им ја одземат запленетата роба, а потоа, со употреба на физичка сила, ги блокирале службениците и нивните службени возила. Притоа, третопријавениот физички ја нападнал оштетената М.П.Г., додека прво и второпријавениот насилно ја одзеле целокупната запленета стока од службените возила на Државен пазарен инспекторат, се појаснува во соопштението од МВР.


