Кривична за мајката – бебето на посвојување!

Фото: Профимедиа

Малолетната мајка која го остави новороденото бебе во парк во Топанско Поле ќе добие кривична пријава за напуштање на немоќно дете, информира полицијата.

Мајката беше пронајдена вчера ден откако го остави своето новороденчето во паркот, голо и без никаква заштита веднаш по раѓањето.

Таа во Центарот за социјални работи даде изјава дека не е во можност да се грижи за бебето, а тоа нема друг родител. Во присуство на нејзината мајка која и е законски старател, малолетното девојчето било однесено на лекар. Бебето ќе биде префрлено во згрижувачко семејство. Мајката има рок од три месеци да се предомисли, а ако тоа не се случи, бебето ќе биде дадено на посвојување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот