Кривична пријава за две лица, пронајдени 1243 стебла марихуана

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на ОЈО и на осомничениот дилер му определи притвор во траење од 30 дена.​​

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал заедно со СВР Охрид на 14 јуни 2021 на подрачјето на Охрид лишија од слобода две лица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Од МВР денеска информираа дека против нив од страна на СВР Охрид е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Охрид, по што ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен Суд Охрид.

– Имено, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, работејќи на полето на сузбивање на организирани криминални групи кои вршат производство и недозволена трговија со наркотични дроги на национално и меѓународно ниво, заедно со полициски службеници од СВР Охрид спроведоа заедничка координирана акција на подрачјето на Охрид, при што во близина на болницата „Свети Еразмо” во Охрид беа пронајдени и запленети 1243 стебла Канабис сатива, соопштија денеска од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот