Кривична пријава за директорот на МРТВ! Земал кредит без дозвола од Собрание!

Финансиската полиција денеска поднесе кривична пријава против директорот на МРТВ Марјан Цветковски заради злоупотреба на службената должност со што ѝ нанел штета 154 милиони денари или над 2 милиони евра на државата.

На денешната прес-конференција од Финансиска полиција соопштија дека Цветковски во 2015 година, кога земал кредит од домашна комерцијална банка, го заложил имотот на МРТВ без согласност од Собранието кое е негов основач. Цветковски побарал кредит од 140 милиони денари, а заложил имот на МРТВ во вредност од 294 милиони денари.

– М.Ц. заложил имот со повисока вредност од вредноста на земениот кредит во износ од 154.459.822 денари. Дел од кредитот во износ од 30 милиони денари првопријавениот М.Ц. веднаш го искористил за подмирување на доспеани обврски кон банката давател на кредитот и доверител, по основ на претходен откуп на побарувања од правниот субјект БЕГ-снабдување Центар ДООЕЛ – кажа Даниела Весковска од Финансиската полиција.

За овој предмет кривична заработи и нотарот З.П. која го заверила договорот за залог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот