Кривична пријава против ексградоначалник на Чашка – незаконски исплаќал бонуси и вработувал на веќе пополнети места
СВР Велес поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Чашка поради злоупотреба на службената положба и овластување. Според информациите, на 10 вработени три години незаконски им исплаќал бонуси и вработувал на веќе пополнети работни места.
Препорачано
„Според пријавата, во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С., како градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка им исплатил плата за кариера кај државен службеник, иако тие не ги исполнувале условите за тоа. Додека на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил исплата на бонус плата, иако условите не биле исполнети. Со своите дејствија, пријавениот овозможил на вработените да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општината во износ од 725.562 денари. Исто така, за позиција која веќе била пополнета, Г.С. издал решение за работното место на друг вработен, спротивно на актот за систематизација“ соопшти полицијата.
По целосно документирање на случајот, против поранешниот градоначалник ќе следува соодветна кривична пријава.


