Кристофер Колумбо, Нелсон Мендела, Моцарт: Мрачните страни на познатите историски личности

Фото: Профимедиа

Луѓето имаат кратко памтење. Доколку некој направи нешто добро, обично имаме тенденција да заборавиме на неговата/нејзината мрачна страна. Доколку некој направи нешто лошо, не мислиме повеќе на неговите/нејзините позитивни квалитети. Ова исто така важи и за многу големи, историски личности. И тие како и сите ние имаат своја лоша и добра страна.

Мајка Тереза (1910 – 1997)

Римокатоличката сестра и мисионерка родена е во Скопје, а поголемиот дел од животот го поминала во Индија.

Таа се залагала за борба против сиромаштијата и здравствените проблеми во Африка. Мајка Тереза доби многу почести, вклучувајќи ја и Нобеловата награда за мир.

Меѓутоа нејзиното осудување за контрацепција било толку силно што имало клучно значење во неуспехот за борба со оваа „епидемија“.

Имала доволно големо богатство да го изгради најголемиот истражувачки центар во светот, но таа сепак сите свои болници и пациенти ги држела во сиромаштија, тврдејќи дека тоа е Божја волја.

Profimedia

Нелсон Мендела (1918 – 2013)

Јужноафриканскиот политичар, филантроп и револуционер, Нелсон Мендела е првиот избран претседател на Јужна Африка.

Бил водач на Umkhonto we cerveza, терористички огранок на Јужноафричката комунистичка партија и на судењето е утврдено дека е виновен за 156 дела за јавно насилство, вклучувајќи и одобрување на бомбашки напади на јавно место.

Фото: Unsplash

Мартин Лутер Кинг (1929 – 1968)

Американски активист, хуманитарец и водач на Афро-американското движење за граѓански права М.Л.Кинг станал активист на движењето за човекови права многу рано во својата кариера. На 14 октомври 1965 година ја прима Нобеловата награда за мир поради неговата борба за еднаквост помеѓу расите по пат на ненасилен отпор. Исто така добил почесна признание од Бостонскиот Универзитет за систематска теологија.

Сепак, подоцна истражувачите откриле дека делови од неговата работа биле фалсификувани. Критичарите го обвинија за бројни афери. Многу од тоа е препишано на медиумската сензационалност, но неговиот биограф Ралф Абернати трвди дека голема е веројатноста дека се работи за вистина.

Фото: Unsplash

Исак Њутн (1642 -1726)

Британскиот физичар и математичар роден е во 1642 година во Дворецот Вулстроп. Њутн ни го даде законот за движење и има голем придонес во развојот на современата физика, но исто така бил и алхемичар. Верувал во постоењето на Филозофскиот камен (Каменот на мудроста): митски предмет кој со трансмутација ги претвора металите во злато и можел да даде долг живот.
Њутн последните години од животот ги посветил само на ова.

Аристотел (384 п.н.е. – 322 п.н.е.)

Античкиот грчки филозоф и научник роден е во Стагира на Халкидики. Аристотел се смета за највијателна фигура помеѓу оние кои влијаеле на западната мисла, но немал високо мислење за жените. Се верува дека бил исклучиво мизогин велејќи: „Жените можеби се инфериорни суштества, исто како да се деформитети.”

Френклин Д. Рузвелт (1882 – 1945 )

Рузвелт е 32-от претседател на Америка. Лојален на нацијата, но неверен на својата жена, Еленор: ироничен факт со оглед на ставот на средната американска класа кога е во прашање честа. Неговата љубовница била покрај неговата постела кога починал. Еленор била запознаена со аферата на нејзиниот сопруг и не била покрај него во последните моменти.

Фото: Unsplash

Кристофер Колумбо (1451 – 1506)

Италијанскиот истражувач, морепловец и колонизатор, граѓанин на Република Џенова, тргнал на четири поголеми патувања преку Атланскиот Океан и со тоа ја започнал шпанската колонизација на Новиот свет. Со агресивниот империјализам, на сцената под притисок доаѓаат ропството и проституцијата. Тој го користел племето Танио од Америка како сексуални робови. Им дозволил на своите луѓе да ги силуваат локалните жени и девојчиња кои имале само по девет години.

Фото: Unsplash

Бенџамин Френклин (1706 -1790)

Еден од основачите на Америка, Френклин бил фантастичен државник, ерудит, политички теоретичар, политичар, управник на поштата, научник, пронаоѓач, граѓански активист и дипломат. Сепак сето тоа не му пречело да сака бордели, да ги посетува џентламенските клубови и тоа по два пати месечно, како што тврдат историчарите.

Фото: Unsplash

Волфганг Амадеус Моцарт (1756 – 1791)

Плодниот и влијателен композитор, својот неверојатен талент го покажал уште во најраното детство. Како човек од уметноста, никогаш не ги запоставувал своите каприци и перверзии. Накратко, уживал во анилинус (орално-анален секс). Честопати правел вулгарни шеги и дури напишал неколку дела за своите примитивни, ексцентрични сексуални интересирања.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот