Кристина Ричи ја откри темната страна на нејзиниот брак: Се плашев за мојот живот

Instagram

Актерката од филмот „Adam’s Family“, Кристина Ричи моментално се соочува со потресна семејна драма С

Странските медиуми објавија дека Кристина Ричи се обратила до судските власти со молба нејзиниот сопруг Џејмс Хердеген да не ѝ се приближува на помалку од 90 метри поради наводно семејно насилство.

Таа изјави дека некогаш морала да крие ножеви низ куќата, затоа што се плашела дека нејзиниот соруг може да ја убие, откако наводно рекол дека ќе му биде жал за неа само ако е „распарчена на делови“.

40-годишната актерка го обвини Хердеген дека наводно ја тепал, ја навредувал и ја фрлил кон каминот, предизвикувајќи ѝ посекотини и модринки, пред да поднесе барање за развод во јуни минатата година.

Instagram
Instagram

Адвокатката на актерката, Саманта Спектор вели дека нејзината клиентка поседува фотографии од повредите што ѝ ги нанел нејзиниот сопруг и дека е подготвена да ги достави до судот.

Судот го одобри барањето на актерката и му нареди на Хердеген да се држи подалеку од Ричи и нивниот син Фреди.

Адвокатот на Хердеген, Лари Бакман вели дека неговиот клент „недвосмислено ги негира сите обвинувања од г-ѓа Ричи“. Тој истакна дека Хедеген, кој работи како кинематографер, има намера да поднесе тужба против Ричи, за која тој тврди дека ќе го открие „нејзиното насилно однесување поттикнато од злоупотреба на алкохол и опојни дроги“.

Instagram
Instagram

Актерката тврди дека семејното насилство од страна на Хердиген започнало кон крајот на 2019 година. За време на семеен одмор во Нов Зеланд истата година, таа тврдеше дека се плаши дека Хердеген може да ја убие.

Тој рече дека едиствено може да жали за мене ако ме распарчат на мали деловиТаа ноќ ги скрив сите ножеви во куќата каде што бевме сместени. Се плашев за мојот живот и животот на нашиот син. Спиев во посебна соба со Фреди со заклучена врата“, вели таа.

Кристина тврди дека Хердегн „брутално ја нападнал“ во декември 2019 година кога наводно ја претепал, плукал по неа и ја исмевал со „свински звуци“.

Instagram
Instagram

Овој инцидент било она што ја предизвикало актерката за нејзината одлука да се раздели од својот сопруг по осум години брак.

Ричи твди дека му кажала на Хердеген дека сака развод, но тоа било попречено со почетокот на пандемијата во март, кога за прв пат беа воведени карантините.

Бев заглавена во куќата со човек што физички и емоционално ме малтретираше и знаеше дека сакам развод“, изјави таа.

Instagram
Instagram

Ричи тврди дека Хердеген „се фокусирал единствено на казнување и тероризирање“ кон неа и дека се плашела да заспие.

Тие се венчаа во 2013 година по две години врска, а се запознаа на снимањето на „Pam Am“.

Ричи поднесе барање за развод во јуни 2020 година, наведувајќи ги непомирливите разлики како причина зошто сака да го прекине бракот и единствено што бара е старателство над нивниот единствен син.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот