Криел марихуана во тегли со лутеница и ајвар

Од МВР ја потврдуваат акцијата, а детали за истата најавија во текот на денов.

Дрогата била пронајдена при претрес на домот на дилерот во скопската населба во Влае.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Кривичниот суд поднесе обвинителен акт против 27-годишен скопјанец кој е осомничен за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

При претрес на домот на обвинетиот во Влае, на 14 декември лани се пронајдени 29 грама марихуана, како и две дигитални ваги со остатоци од марихуана и психотропни супстанции.

Обвинетиот 27-годишен скопјанец дрогата ја чувал во стаклени тегли со натпис „лутеница” и „ајвар”.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело, јавен обвинител до судот достави предлог за продолжување на куќниот притвор за обвинетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот