Креативни графички рефлексии на Лазе Трипков

Графичкиот дизајнер и професор Лазе Трипков реализира 30-дневен циклус со кој преку серијата постови/постери „Креативни размислувања“ го изразува своето сфаќање на изолацијата наметната со пандемијата од ковид-19.

– Целата оваа состојба на карантин влијае врз нас на различни начини, но за еден уметник најзначајно е да остане чист и јасен во неговата мисла, идеја и визуелно изразување за да може да придонесе за заедницата, околината, па дури и за пошироката публика.

Циклусот ќе трае 30 дена, а секој ден е посветен на лична креативна рефлексија. Од една временска дистанца, тоа е сосема доволен период за да ги проследам сите промени, да се согледаат и моите лични процеси и разбирања на изолацијата, како и да напредувам и да влијаам на самиот себе преку дизајнот, објасни Трипков.

Сите досега направени постери од циклусот може да се најдат на фејсбук и инстаграм-профилот на Лазе Трипков.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 29, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 1-3 мај 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот