Стапчиња од лиснато тесто / Фото: Profimedia

Крцкави и вкусни — рецепт за стапчиња од лиснато тесто со пармезан

Крцкави стапчиња од лиснато тесто со пармезан и рузмарин се совршено предјадење или ужинка за секоја пригода. Се подготвуваат за помалку од 15 минути, а одлично одат со супи, сосови или со парче пршута, пишува „Пун куфер“.

Подготовката е многу едноставна, па рецептот е идеален и за почетници во кујната. Комбинацијата од пармезан и рузмарин им дава богат и ароматичен вкус, додека лиснатото тесто ја обезбедува совршената крцкавост. Највкусни се додека се уште топли.

Потребни состојки

  • 250 г лиснато тесто (одмрзнато ако било замрзнато)
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол по вкус
  • свежо мелен црн пипер по вкус
  • 1 лажица ситно рендан пармезан
  • 1 лажичка сув рузмарин, ситно исечкан

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Расукајте го лиснатото тесто тенко. Премачкајте го со маслиново масло, па наросете сол, бибер, пармезан и рузмарин. Нежно поминете со сукало за состојките подобро да се соединат со тестото.

Исечете го тестото на тенки ленти со ширина од околу 1 до 1,5 сантиметри. Должината прилагодете ја по желба.

Наредете ги лентите во тава обложена со хартија за печење, оставајќи мал простор помеѓу нив.

Печете во загреана рерна околу 8 минути, односно додека не станат надуени и златнокафени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот