Крави / илустрација / Фото: Дејан Донев / Фејсбук

Крава бегалец во Баварија – половина година ловена, конечно фатена!

Во Баварија една крава избегала од стадото на пасиштето и со месеци уживала во новостекнатата слобода меѓу стеблата трска покрај едно езеро, сè додека нејзината авантура не била прекината со помош на дронови и стрела за успивање, пишува денес агенцијата „Dpa“.

Кравата, стара околу една и пол година, уживала на брегот на езерото Вејарн во Баварија откако пред околу половина година избегала.

Сите обиди на нејзиниот сопственик да ја намами со храна биле безуспешни, а ни полицијата, која подоцна се вклучила, не успеала да ја „приведе“.

Поради загриженоста дека животното нема само да ја преживее зимата, било одлучено да се фати со помош на дрон и стрела за успивање, под надзор на ветеринар, соопшти организацијата за заштита на животни Гут Ајдербил.

Потоа животното, кое во меѓувреме го добило името Ариела, било безбедно префрлено на имот на организацијата за заштита на животни во местото Ифелдорф, во Горна Баварија.

Транспортот поминал без проблеми, но кравата и понатаму е малку недоверлива, бидејќи со месеци не била во контакт со луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот