„Кралот“ на колена: Панатинаикос по 13 години ја освои Евролигата

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

За првпат по 13 години и вкупно седми пат во својата историја, Панатинаикос ја освои шампионската титула во Евролигата.

Во големото финале Панатинаикос беше подобар од Реал Мадрид со 80:95. Реал Мадрид лани триумфираше во ова натпреварување, но сега не успеа да ја одбрани европската круна.

Реал Мадрид имаше предност по првата четвртина со 11 разлика, но во продолжение Панатинаикос ја стегна одбраната и до полувремето дојде на само четири поени негатива (50:54). Во цело второ полувреме на шпанскиот гигант му дозволија вкупно 23 поени.

Кошаркарите на Реал Мадрид тешко реализираа во вториот дел, па Панатинаикос започна да го трасира патот до победата. Костас Слукас беше најефикасниот со 24 поени, Нан додаде 21, а Лесор 21. На спротивната страна Муса постигна 17.

Претходно денес во натпреварот за трето место Олимпијакос го победи Фенербахче со 87:84.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот