Кралот Чарлс и папата Франциско / Фото: IPA / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Кралот Чарлс се прости од папата Франциск: „Со грижата за другите тој длабоко ги допре животите на многумина“

Кралот Чарлс и кралицата Камила беа меѓу последните достоинственици што ги прими папата Франциск пред неговата смрт, а сега британскиот монарх се прости од него.

Кралот Чарлс во официјалната објава на социјалните мрежи напиша дека му олеснало сознанието дека „Неговата Светост можеше да ги сподели честитките за Велигден со Црквата и светот на кој му служеше со таква посветеност во текот на својот живот и служба“.

Според кралот Чарлс, неговата светост ќе биде запаметена по неговото сочувство, грижа за единството на Црквата и за неговото неуморно застапување за заедничките цели на луѓето од сите вери и оние со добра волја кои работат во корист на другите.

„Неговото верување дека грижата за создавањето е егзистенцијален израз на вера во Бог одекна кај многумина ширум светот. Преку неговата работа и грижата за другите и за планетата, тој длабоко ги допре животите на толку многумина. Кралицата и јас со особена наклонетост се сеќаваме на нашите средби со Неговата Светост низ годините и бевме длабоко трогнати што можевме да го посетиме на почетокот на овој месец. Испраќаме најискрено и најдлабоко сочувство до Црквата на која служеше со таква одлучност и до безброј луѓе ширум светот кои, инспирирани од неговиот живот, ќе жалат за катастрофалната загуба на овој верен следбеник на Исус Христос“, се вели во пораката на кралот Чарлс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Инаку, на 9 април беше одржана приватна посета во резиденцијата Санта Марта во Ватикан, по повод 20-годишнината од бракот. За време на средбата, папата Франциск им ја честиташе годишнината на брачниот пар и им се заблагодари за добрите желби за неговото здравје, бидејќи тој во тоа време закрепнуваше од пневмонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот