Кралицата Летиција во панталоните на кои секоја жена им верува: Може да се носат во секаква комбинација! (ФОТО)

Profimedia
Profimedia

Кралскиот брачен пар пристигна на службен состанок со сите додатоци за во новата „нормална“ ситуација што го зафати целиот свет. Кралот Фелипе и кралицата Летиција носеа заштитни маски и ракавици.

Profimedia

Кралицата во овие нови услови и понатаму е верна на прекрасниот моден стил кој со години го негува, па за оваа прилика одбра многу пристојна комбинација. Таа класичната модерна јакна-сако ја искомбинира со едноставни црни панталони и салонки во иста боја.

Profimedia

Кога ќе снемаме инспирација за облекување или кога сакаме да играме на сигурно и одбираме неутрални панталони за било која прилика, тогаш сигурен избор кој го бираме се црните модели. Секоја жена им верува на овие панталони и ќе ги одбере оние кои се кроени по нејзин вкус. Црните панталони ги сакаме, бидејќи се сестрани и навистина незаменлив дел од женската гардероба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот