Кралицата им ја исполни желбата на Хари и Меган, но под еден услов

profimedia
профимедиа

Кралицата напоменува дека се уште има прашања што треба да се решат, но дека сака со нив да се позанивама во следните денови.

Британската кралица Елизабета Втора денеска соопшти дека се согласила со желбата на принцот Хари и неговата сопруга Меган да водат независен живот од кралскиот двор и дел од времето да минуваат во Канада.

Кралицата во соопштението наведува дека денешниот состанок на највисоките членови на кралското семејство на приватниот имот Сандригнем бил контруктивен.

Таа додава дека е договорен преоден период во текот на кој војводата и војводтката од Сасекс времето ќе го минуваат во Канада и Велика Британија, пренесуваат американските медиуми.

Кралицата напоменува дека се уште има прашања што треба да се решат, но дека сака со нив да се позанивама во следните денови.

Кралицата Елизабета Втора (93) за денеска го повика својот внук Хари на „кризен состанок” за да разговараат за идните аранжмани за него и неговата сопруга Меган, по изнанадувачката најава на двојката дека сака да се повлечат од кралските должности.

На денешниот состанок на имотот во Норфолк, на истокот од Англија, присуствува и таткото на Хари и наследник на престолот, принцот Чарлс, и неговиот постар брат, принцот Вилијам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот