Гасовод / Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Крај на ерата на гасот: Секој петти град планира да ја затвори гасната мрежа се бараат алтернативни греења

Германија моментално има околу 550.000 километри гасна мрежа, па затоа нејзиното постепено затворање би претставувало еден од најголемите инфраструктурни проекти во поновата историја на земјата. Според најновото истражување на Здружението на комунални претпријатија на Германија (VKU), дури еден од пет градски добавувачи на енергија, или околу 19% од градските комунални претпријатија, планираат да ги затворат своите гасни мрежи најдоцна до 2045 година. Ова значи дека во наредните децении, многу градови целосно ќе престанат да користат природен гас за греење на домаќинствата и индустриските постројки.

Речиси половина од анкетираните добавувачи (46%) сè уште не донеле конечна одлука – тие не знаат дали ќе ги адаптираат постојните мрежи за дистрибуција на еколошки гас (т.н. „Окогас“) или целосно ќе ги затворат. Од друга страна, само 8% од комуналните компании јасно објавија дека ќе ја пренаменат гасната инфраструктура за употреба на еколошки гас, кој во иднина треба да го замени природниот гас, објавува списанието Феникс.

Германија моментално има околу 550.000 километри гасна мрежа, па затоа нејзиното постепено затворање би претставувало еден од најголемите инфраструктурни проекти во поновата историја на земјата. Германија влегува во клучна фаза на енергетска трансформација. Додека некои градови веќе решително се движат кон иднина без гас, многумина сè уште се двоумат бидејќи не се сигурни како финансиски и технички ќе ја спроведат транзицијата. И покрај неизвесностите, насоката е јасна – Германија планира да стане земја без фосилни горива во секторот за греење до 2045 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот