Крај на четиригодишната судска битка Пит – Џоли: Еве кој ќе има старателство над децата

Profimedia
Фото: Профимедиа

Мачната судска битка, која поранешната холивудска двојка – Анџелина Џоли и Бред Пит ја водеа за старателство над децата, конечно е при крај.

Извор близок до адвокатскиот тим на Бред Пит изјави: „Би било скоро невозможно калифорнискиот суд да го раздели таткото, кој посветено работеше на себе и за добросостојба на децата, особено од близнаците“, објави магазинот „New idea“.

Имајќи го тоа предвид, правниот тим на добро познатиот актер е уверен оптимист дека Пит (56) ќе добие заедничко старателство над близнаците Нокс и Вивиен Маркелин (12), а најверојатно и на неговата постара ќерка Шајло (14).

Фото:Профимедиа

Адвокатите на славниот актер тврдат дека по агонијата што ја поминал во борбата со Анџелина, и за старателството над децата за кои се грижел – „Бред конечно ќе го почувствува вкусот на победата!“

Што се однесува до постарите, посвоени деца – Пакс (16) и Захара (15), правниот тим верува дека најверојатно ќе им се даде избор од судијата – да одлучат со кој родител сакаат да живеат и дека најверојатно ќе одлучат да живеат со мајката.

Медокс (19), кој јавно беше на страната на мајката за време и по разводот, законски се смета за возрасен и не е дел од спорот.

Фото: Профимедиа

„Бред знае дека Медокс е изгубен и дека ништо не може да стори во врска со тоа, но се надева дека ќе може да ги обнови односите со другите деца и да ги надомести четирите изгубени години“, додаде изворот.

Борбата за стратегија беше тешка и „валкана“, а во еден момент адвокатите на Анџелина Бред го претставија како „несоодветен татко“ и како некој што е склон кон пиење алкохол и други пороци и некој на кој „не може да се смета“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот