Крадци од Србија ограбувале куќи во Бар и Улцињ

Полицијата од Бар во соработка со сОдделот за безбедност во Улцињ ги уапси Д.Р. (24) и А.П. (24), двајца државјани на Република Србија.

Тие се осомничени дека извршиле седум тешки кражби, соопшти полициската управа на Црна Гора.

Д.Р. и А.П. извршиле кражби во населбите Зелен појас и Шушањ во Бар, како и во населбата Владимир во Улцињ. Провалувале во семејни куќи на луѓе кои живеат во странство од каде краделе разни предмети, како и градежни машини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот