Крадци фрлале накит и часовници за да се ослободат од доказите

Одземените предмети биле вратени на сопственичката, а по целосно документирање на случајот против С.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полицијата ја фатила групата на дело, а за време на спектакуларната потера, бандата крадци доживеала сообраќајна несреќа, пренесува Ла Република.

Четворица српски државјани и еден Италијанец се уапсени во неделата вечерта во Болоња, откако се обиделе да ограбат една компанија.

Полицијата ја фатила групата на дело, а за време на спектакуларната потера, бандата крадци доживеала сообраќајна несреќа, пренесува Ла Република.

Според порталот, за среќа, никој не е сериозно повреден.

– Организирана група крадци во неделата започнала да ограбува една компанија во близина на Болоња, но нивниот план набргу беше осуетен. Карабинерите ги видоа и тргнаа во потера по нив. Банда крадци влегоа во автомобилот и побегнаа, но во погрешна насока – наведува Ла Република.

Поради големата брзина, возачот на автомобилот изгубил контрола над возилото и слетале надвор од патот.

– За време на бегството од автомобилот, тие фрлале часовници и накит што веројатно претходно ги украле. Карабинерите виделе превртено возило покрај патот и веднаш притрчале на помош. Ниту еден од разбојниците не е тешко повреден. Карабинерите ги уапсиле, а тие при апсењето се спротивставувале – пренесува Ла Република.

Во превртениот автомобил полицијата пронашла ракавици, алат за разбојништво и трепкач што ги користи полицијата. Автомобилот со кој бегале нема полиса за осигурување, а тој е регистриран на име на лице кое престојува во Неапол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот