КОВИД БИЛАНС: 389 нови случаи, 749 оздравени, 15 починати

Инфективна клиника / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.624 тестови, а регистрирани се 389 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 204, Битола – 26, Велес – 22, Куманово и Прилеп – по 21, Кавадарци – 20, Тетово – 12, Кичево – 9, Ресен – 7, Охрид и Штип – по 6, Гевгелија и Неготино – по 5, Виница – 4, Гостивар, Струмица, Кочани и Радовиш – по 3, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 2, , Струга, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (389), регистрирана е 61 реинфекција.

Регистрирани сe 749 оздравени пациенти од: Скопје – 451, Куманово – 36, Битола – 34, Велес и Прилеп – по 25, Кавадарци – 22, Охрид – 20, Тетово – 19, Гевгелија – 16, Кичево – 15, Штип – 11, Гостивар, Радовиш и Струга – по 7, Струмица и Крушево – по 6, Неготино и Македонски Брод – по 5, Кочани, Крива Паланка и Богданци – по 4, Делчево, Дебар, Валандово и Демир Капија – по 3, Ресен и Свети Николе – по 2, Кратово, Демир Хисар, Берово и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (68г, 74г, 75г и 93г) и по едно починато лице од Прилеп (83г), Велес (81г) и Струмица (72г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (3), Гостивар (1), Куманово (1), Охрид (1), Струмица (1) и Штип (1). Починатите лица се на возраст од 62г. до 96г. Лицата за починати се пријавени во период од 19.02. до 26.02.2022. Од пријавените лица 6 лица се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.

Кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.624 тестови преку: ИЈЗ-238, ЦЈЗ Скопје-49, ЦЈЗ Битола-77, ЦЈЗ Прилеп-32, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-73, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-21, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–126, Жан Митрев (Филип Втори)-56, Авицена-53, Биотек-81, Систина-65, лабораторија Лаор-55, Синлаб-3, Ремедика-8, Плодност-26, Генеа-17, Никоб Лаб-259, ВФВ Медикал-36, Ели Медика-25, Ројал Медика–7, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб–11, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.168.

Досега во земјата се направени вкупно 1.901.296 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.049, бројот на оздравени пациенти е 287.127, на починати е 9.065 а бројот на активни случаи изнесува 2.857.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот