Ковачки: Пендаровски е сѐ понервозен од малиот рејтинг и премалата посетеност на неговите митинзи

Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

„Македонија е на нозе. Промените доаѓаат не е само обична парола. Туку е вистина, начин на работа и начин на кои ние ја гледаме Македонија. Пред нас претстои период кога одлучуваме за нашата иднина и за иднината на нашата Македонија. Ова го чекавме 7 години, и оваа шанса не смееме да ја пропуштиме, 24 април и 8 мај со заокружување на бројот 2 ставаме крај на катрострофалните политики на владата на ДУИ и слугите од СДС“, изјави Драган Ковачки носител на ИЕ3 на митингот во Свети Николе.

Ковачки посочи дека Македонија е обесправена и понижена, задолжена и банкротирана земја. И за тоа според него виновни се како што вели слугата на стопанот Али Ахмети, Димитар Ковачевски.

„Знаат дека губат. Знаат дека ги чека пораз и почнуваат да стануваат нервозни. Стравот од пораз е поголем од нивниот рејтинг изминатите 7 години. Знаат дека повеќе немаат поддршка од граѓани и глумат загриженост. Глумат и се обидуваат да ве излажат. Исто како што излажаа пред 7 години дека ќе донесат живот, а донесоа само беда и сиромаштија“, истакна Ковачки.

Во однос на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, посочи:

„Ќе кажам неколку збора и за актуелниот претседател Стево Пендаровски кои е послушник и нем посматрач на сите погрешни политики на СДС и ДУИ. Пендаровски сака да ги купи симпатиите кај граѓаните, човекот кој 5 години освен што дава изјави, а потоа сам себе си се демантира, деновиве станува се понервозен. Што од премалата посетеност на неговите митинзи, кои повеќе наликуваат на партиски журки така и од се понискиот личен рејтинг“, вели Ковачки.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот