Ковачевски за „Пинк“: Односите меѓу Србија и С. Македонија се пример за регионот

Фото: ТВ Пинк / принтскрин

Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за српската телевизија „Пинк“ за време на посетата на Србија, рече дека за земјите од Западен Балкан не постои алтернатива на ЕУ со која регионот ќе биде просперитетен, стабилен и безбеден.

Според премиерот, односите меѓу Србија и Северна Македонија се пример за регионот.

Иницијативата Отворен Балкан и Берлинскиот процес се базирани на европски вредности, бидејќи сите граѓани од државите на регионот имаат право да живеат и да соработуваат меѓу себе, рече Ковачевски, додавајќи дека иницијативата се базира на четирите слободи за движење во ЕУ, на кои и самата ЕУ се заснова, а тоа се: слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги.

„Ако ја гледаме само трговската размена меѓу Србија и Северна Македонија, таа е веќе на ниво од 1,1 милијарда евра. Апсолутно тоа е поради Отворен Балкан, тоа го кажуваат и самите компании“, рече Ковачевски во интервјуто.

Фото: ТВ Пинк / принтскрин

Тој додаде дека последните десет години, „вратите на ЕУ се најмногу отворени за Западен Балкан“ во споредба со порано.

„Воената агресија на Русија врз Украина ја стави пред одлука ЕУ во однос на нејзиното влијание и во однос на нејзината вклученост во процесите на Западен Балкан. Затоа гледате колкав е фокусот на ЕУ на решавање на сите отворени прашања коишто се дел од земјите на Западен Балкан”, рече премиерот во интервјуто за „Пинк“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот