Ковачевски за интервјуто со Латас: Се срамам што има такви кои се шегуваат со сексуалното насилство

Фото: Скриншот/Јутјуб

„Јавноста беше во шок по тоа интервју и институциите ќе постапат според законот во Северна Македонија. Јас имам 17-годишна ќерка и се срамам што личности се шегуваат со сексуално насилство“, рече премиерот Димитар Ковачевски на седницата за пратенички прашања во Собранието, коментирајќи го контроверзното интервју на Јутјуб со Драган Павловиќ-Латас.

„За овој случај, овде од собраниската говорница, пред сѐ сакам да зборувам како граѓанин, како човек, како татко, а потоа како премиер. Слушнав за ова пред неколку дена и оттогаш до денес кога и да помислам на случајот, навистина се вознемирувам и се чувствувам гневно. Ова однесување, не само што е срамно за мажите, и тоа не само тука, туку и во светот, ова е срамно за сите луѓе, секое едно човечко битие“, рече Ковачевски.

„Можеби некои од вас ќе мислат дека работите што ги кажав сега се пресилни. Но да ве потсетам дека дома имам 17-годишна ќерка, и најголемиот дел од моите пријатели и познаници од мојата генерација имаат ќерки на таа возраст, како и други граѓани. И се срамам и сум гневен кога слушам вакви работи. Се срамам и сум гневен што, во 21 век, во 2023 година, одредени личности со неверојатна леснотија се шегуваат за сексуално насилство. Јас сакам да ми извините, но ваквите работи навистина ме вознемируваат, и затоа доколку е можно согласно процедурите во Собранието да направиме пауза бидејќи во моментов, по ова не можам да продолжам со одговарање на пратенички прашања“, рече меѓу другото премиерот.

Интервјуто со Драган Павловиќ-Латас предизвика многу негативни реакции во јавноста, откако во разговорот, Павловиќ раскажа дека првото сексуално искуство му се случило на 14-15 години со девојка која била „шамарана“ и врз која сексуално се изживувале повеќе тинејџери.

На ова реагираше Обвинителството, кое му го одзеде пасошот на Павловиќ и нему и на „јутјуберот“ што го интервјуираше им забрани јавни настапи додека трае постапката за поттикнување насилство. Контроверзното интервју беше симнато од Јутјуб.

Лавина реакции на социјалните медиуми по гостувањето на Латас во поткастот на Стефан Лазаров: За двајцата соговорници силувањето е извор на забава и смеа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот