Ковачевски: Ново рангирање на „Репортери без граници” ја позиционира нашата држава меѓу најдобро оценетите во регионот

Димитар Ковачевски, Фото: Принтскрин/Јутјуб

Оваа година, Светскиот ден на слободата на медиумите го одбележуваме како земја која постигнала исклучителен напредок на листата на „Репортери без граници“. Според индексот за слобода на печатот, кој е објавен во извештајот за 2022 година, Северна Македонија бележи скок од 33 места, односно од 90 на 57 место. Ова ново рангирање ја позиционира нашата држава меѓу најдобро оценетите во регионот, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.

Тој им изрази благодарност на новинарите и медиумските работници, за, како што наведе, нивната посветена работа и им порача да продолжат професионално да ја работат својата работа.

– Не така одамна бевме сведоци дека загрозената слобода на медиумите е прв чекор кон автократско владеење и сите негативни последици на ваквото управување. Владата на СДСМ во изминатите пет години покажа исклучителен демократски капацитет и почит кон медиумите и медиумските работници, негувајќи ја слободата на изразување како клучно право и вредност во општеството, истакнува премиерот Ковачевски во објавата.

Репортери без граници: Скок на Македонија за 33 места во Светскиот индекс на слободата на печатот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот