Ковачевски и Маричиќ се сретнаа со Борел: Ова е важна година за ЕУ и Западен Балкан

Фото: Влада на РСМ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретнаа со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел.

-Верувам дека политиката на проширување оваа година кон целиот Западен Балкан ќе се ревитализира, бидејќи тоа е од интерес на сите. Особено важно е да се разбери пораката која ја прати воената агресија на Русија врз Украина, дека процесот на проширување мора да биде сфатен како заедничка политика која може значително да помогне во подобрување на политичката, безбедносната и економска атмосфера во земјите од Западен Балкан, но и во Унијата, напиша Маричиќ на својот фејсбук профил, по завршетокот на средбата со Борел.

Вицепремиерот Маричиќ ја пренесе порака од високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, дека Европската Унија останува посветена на проширувањето со земјите од Западен Балкан и дава силен сигнал за потребата Република Северна Македонија да ги отпочне преговорите без понатамошни одлагања.

Маричиќ заедно со премиерот Димитар Ковачевски ја истакнаа нашата европска визија и нашето единство, сплотеност и солидарност со европските земји и нашите ЕУ и НАТО сојузници, но и потребата од обединување на Балканот, што е од исклучителна важност и за Европската Унија и земјите членки. На средбата бил потврден и фокусот на Владата за спроведување на европската реформска агенда и на изнаоѓање решение со Бугарија, кое ќе значи датум за отпочнување на преговорите со ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот