Костовски: Средбата Таравари-Ковачевски е нормална и очекувана, Алијанса за Албанците е наш коалиционен партнер

Мартин Костовски од СДСМ ја коментираше средбата помеѓу лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 и кажа дека сребдата е сосема нормална и очекувана.

„Алијанса е коалиционен партнер, и ова не е ништо ново двајца коалициони партнери да разговараат на партии кои ги поделиле ресорите. СДСМ веќе подолг период подаде рака за секој оној кој дели исти вредности и политики и кои се залага за интеграција на ЕУ, дали е тоа партија или поединец. И многу ми пречи во последно време дека ги декларираме тие коалици како етнички, меѓуетнички, туку терба да се направат вредносни коалиции“, рече Костовски.

 

Во однос на евентуална коалиција со ДУИ, тој рече:

„Во моментов СДСМ како и сите партии прават свои испитувања, и воедно за коалицирање, и СДСМ ќе биде предводник на таа голема проевропска коалиција прво за претседател на државата, а потоа и на парламентарните избори. Се што кажавме, исполнивме, за разлика од Христијан Мицкоски“, изјави Костовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот