Филип Костиќ Фото: EPA/ANDY RAIN

Костиќ: Ако селектор ни беше Пауновиќ, немаше да загубиме од Албанија

Капитенот на Србија, Филип Костиќ, смета дека репрезентацијата би постигнала подобри резултати ако Вељко Пауновиќ беше селектор од почетокот на квалификациите.

Kостиќ призна дека поразот од Албанија бил тежок, но најави дека тимот ќе се обиде да ја врати самодовербата во натпреварот против Летонија во Лесковац.

„Мислам дeка ако го имавме селекторот (Пауновиќ) и целокупната работа што ја имавме во последните неколку дена, ќе имавме подобар резултат. Немаше да загубиме од Албанија, тоа е еден од најтешките порази во кариерата и на сите ни падна тешко, но мораме да се кренеме и да одиме понатаму. Следниот натпревар е во Лесковац против Летонија и сигурен сум дека ќе биде добро и дека ќе ја вратиме вербата во репрезентацијата“, изјави Костиќ.

Србија вчера беше поразена од Англија со што ги загуби шансите за пласман на Светското првенство.

 

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот