Костадинов: Солидарен фонд за оштетените во пожарот, функционерите први да дадат пример

Солидарен фонд, помош за оштетените граѓани и компании и ослободување од плаќање фирмарина во следните две години се дел од препораките на портпаролот на СДСМ и поранешен в.д. градоначалник на Струмица, Коста Костадинов за солидаризирање и помош по пожарот на трговскиот центар „Глобал” во кој е причинета огромна материјална штета.
– Пред се како човек, секако и како поранешен советник и ВД градоначалник на општина Струмица, чувствувам должност и обврска да ги повикам моите струмичани на солидарност, која во Струмица секогаш постоела. Се приклучувам на апелот на премиерот Зоран Заев да сите оние компании кои располагаат со механизација и човечки капацитети, се вклучат и помогнат при самото расчистување на ТЦ Глобал. Секако сите да се солидаризираме и да помогнеме во заживувањето на економијата во самиот Глобал и на луѓето кои лебот го вадат од таму, напиша Костадинов на Фејсбук.
https://www.slobodenpecat.mk/zaev-global-simbolot-na-moderna-strumicza-ke-go-vratime-vo-normala/
Неговата препорака е општината да формира солидарен фонд и согласно капацитетите и законските можности да им помогне на оштетените граѓани и компании. Предлага и општината да ги ослободи оштетените од закупнина до моментот на целосно санирање на штетите.
 – Сите ние кои сме ја добиле честа од граѓаните да ги претставуваме, независно дали функцијата е централна или локална, а сме од Струмица први да придонесеме во солидарниот фонд, вели Костадинов во фејсбук статусот.
https://www.slobodenpecat.mk/video-pozhar-vo-trgovskiot-czentar-global-vo-strumicza-gorat-prodavniczi-pozharnikarite-na-teren/
Според него, има оправданост и за свикување итна седница на Советот на општината.
Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот