Косовска полиција: Ситуацијата на северот е стабилна, но има инциденти

Фото: Косово онлајн

По повод последните настани на северот од Косово, косовската полиција на официјалниот фејбук профил соопшти дека континуирано ја следи и оценува безбедносната состојба и соодветно ги презема неопходните мерки, зголемувајќи ги своите капацитети со цел обезбедување безбедност, одржување на јавниот ред и мир, заштита на животот и имотот, како и спречување инциденти и разни криминални дела.

„Ситуацијата е стабилна и контролирана од полицијата, но придружена со инциденти од различен карактер, во кои поединци или криминални групи водени од различни интереси вршат кривични дела со цел заплашување и нарушување на безбедноста на граѓаните во општините од северот на Косово“, се вели во соопштението на полицијата објавено на Фејсбук.

Полицијата додаде дека и покрај инцидентите, како што е вчерашниот „обид за тешко убиство и предизвикување општа опасност“ и денешното „заплашување“ на двајца новинари тие ќе продолжат со своите должности во интерес на одржување на редот и јавната безбедност. како и заштита на уставниот поредок на Косово.

„Во вчерашната престрелка е повреден припадник на косовската полиција, кој по укажаната лекарска помош е во стабилна состојба. Во останатите случаи нема повредени лица, освен причинета значителна материјална штета на објекти и возила. Косовската полиција спроведува интензивни истраги со цел да ги идентификува осомничените инволвирани во овие кривични дела, како и да ги изведе пред правосудните органи“, додаваат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот