Косово без најдобриот напаѓач против Македонија!?

фото: твитер

На 8 октомври нашата најдобра фудбалска репрезентација во Скопје ќе го одигра полуфиналниот плеј-оф натпревар против косовската селекција за пласман на наредното Европско првенство 2021 година.

Како што информираат италијанските медиуми, еден од најдобрите репрезентативци на Косово, Ведат Муриќи е позитивен на ковид-19.

Овој 26-годишен напаѓач и воедно член на Лацио (во чиј клуб ги направи медицинските прегледи минатата недела), се наоѓа во изолација и е асимптоматски.

Неговото деби во Серија А е одложено, не се очекува да биде достапен за тренерот Симоне Инзаги до следниот месец.

Муриќи пред да се пресели во Рим, ги бранеше боите на Фенербахче со 15 голови во 32 натпревари. За најдобрата косовска репрезентација од 2016 година има осум погодоци од 23 одиграни мечеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот