Косовец уапсен во Србија, реагира Пацоли

Незири бил запрен на границата од страна на српските цариници, кои му рекле дека се наоѓа на „Стоп листата“.

Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, побара од властите во Србија, да го ослободат уапсениот косовски државјанин во петокот, пренесува „ТопЧенел“.

Лицето Незир Мехметај од Клина, во петокот бил уапсен од српската полиција на граничниот премин „Мердаре“.

Незири бил запрен на границата од страна на српските цариници, кои му рекле дека се наоѓа на „Стоп листата“.

Министерот Пацоли, побара итно негово ослободување. Според него, Србија не може да го спречи слободното движење на луѓето.

– Ние го осудуваме апсењето на косовскиот граѓанин Незир Мехметај од српската полиција и повикуваме за негово итно ослободување. Нашата канцеларија во Белград е активна и ќе ги превземе сите мерки за да го ослободиме Незири. Србија не може да го спречи слободното движење на луѓето и треба да престане со политичките прогони. Ова е во спротивност со договорот од Брисел, и од друга страна Брисел треба да превземе мерки за да ги спречи дејствијата на Белград против граѓаните на Косово и да се обезбеди слободното движеље на граѓаните, се вели во реакцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот