Фото: rawpixel.com / CC0

Косовец удрил во автобус на ЈСП па избегал, го уапсиле на „Блаце“

Косовец вчера попладне во центарот на Скопје удрил во автобус на ЈСП, па избегал.

– Околу 15 часот тој во Центар со неговиот автомобил „фолксваген голф“ со косовски регистарски таблички направил сообраќајка со автобус на ЈСП, па избегал – соопшти полицијата.

Сепак, бегството траело кратко, и на граничниот премин „Долно Блаце“, 30 минути по сообраќајката бил идентификуван и уапсен, при обид да влезе во Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот