Косовари се обиделе од Драч до Италија да прошверцуваат 16 малолетници, камуфлирани како фудбалски тим

Фото: Besara1 / Wikimedia

Камуфлирани како фудбалска екипа група Косовци се обиделе да префрлат во Италија 16 малолетници.

-Во пристаништето Драч уапсени се десет лица на возраст од 21 до 54 години, косовски државјани, при обид за Италија илегално да пренесат 16 малолетници сите на возраст од 17 години. И тие се косовски државјани, чии родители на „менаџерите” им платиле од 3 до 4 илјади евра, стои во полициското соопштение.

Малолетниците биле претставени како фудбалери, додека уапсените како раководство, тренери и физиотерапевти на спортската екипа. Кај еден од организаторите откриени и запленети се околу 6 илјади евра.

Откако ќе биле пренесени во Италија децата веднаш требало да аплицираат за азил. Според италијанските закони малолетниците без придружба ги згрижува државата и им обезбедува образование.

Во Италија се побројни се малолетниците без придружба од Албанија кои родителите ги носат во Италија, ги напуштаат и се враќаат назад во Албанија.

Според последниот извештај на италијанското министерство за социјална работа и прашања, само во октомври годинава 105 малолетници од Албанија, без придружба, побарале засолниште во оваа земја.

Албанските малолетници се рангирани како најбројни по оние од Египет, Тунис, Авганистан, Пакистан и Гвинеја.

Вкупниот број на малолетни имигранти од Албанија без родители во Италија годинава е 1.353 при што 43 од нив се девојчиња

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот