Кошаркар на МЗТ Скопје се пријави за НБА драфтот

Турскиот интернационалец во редовите на македонскиот шампион МЗТ Скопје, Рагип Берке Атар одлучи да си ја проба среќата и се пријави за претстојниот драфт во НБА лигата, пишува „Спорт1“.

Засега поради пандемијата на коронавирусот не е познат точниот датум кога ќе се одржи драфтот, но челниците на НБА лигата најавија дека тоа ќе се случи по завршување на сезоната, или кон крајот на летото доколку се прекине оваа сезона.

Младиот 20-годишен кошаркар сезонава пристигна во редовите на МЗТ Скопје од турскиот Тексут Бандрима, и во досегашните настапи за МЗТ Скопје постигнува просечно по 3.2 поени и 1.7 скокови по натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот