Кош од пола терен вреден 10.000 долари! (ВИДЕО)

фото: твитер

Во стилот на големите мајстори, овој фан на Клиперси зема залет од неколку чекори и од табла успеа да реализира во кошот.

На паузата од НБА натпреварот помеѓу екипите на Лос Анџелес Клиперс и Мајами Хит еден навивач на домашниот клуб успеа да биде побогат за 10.000 илјади американски долари.

Продолжува забавата на мечевите во најсилната кошаркарска лига на светот, поголемиот дел од тимовите имаат организирани различни случувања во интерес на фановите.

Во Лос Анџелес еден навивач на Клиперси зема залет од неколку чекори и од табла успеа да реализира во кошот.

Секако следуваше ерупција на радост кај овој фан и на самите трибини.

Добитникот на 10.000 долари имаше причина за двојна радост, бидејќи во овој дуел триумфираше неговиот клуб Лос Анџелес Клиперс со 128:111 против Мајами Хит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот