Коронавирусот одложи три натпревари во Серија А!
Премиерот Џузепе Конте на саботната прес конференција ја донесе таа одлука после 79 случаи на потврден вирус во Ломбардија.
Одложени се три натпревари во најквалитетната италијанска фудбалска лига поради епидемијата на коронавирусот, како и сите спортски настани во регионот на Ломбардија и Венето.
Премиерот Џузепе Конте на саботната прес конференција ја донесе таа одлука после 79 случаи на потврден вирус во Ломбардија.
? | OFFICIAL STATEMENT#InterSampdoria, which was due to take place at 20:45 CET on Sunday 23 February, has been postponed to a later date ? https://t.co/K6BtBQ4QRx#FCIM
— Inter (@Inter_en) February 22, 2020
Денеска нема да се играат три мечеви во Серија А: Интер-Сампдорија, Аталанта-Сасуоло и Верона-Каљари.
– Владата презема итни мерки на сузбивање и борба против вирусот – соопштија министерот за спорт Виченцо Спадафора и претседателот на Олимпискиот комитет Џовани Малаго во заедничко писмо во текот на вчерашниот ден.
На програмата остануваат како закажани останатите три средби, од 12.30 часот Џенова на нашиот Горан Пандев против Лацио, од 15.00 часот Торино е домаќин на Парма, а од 18.00 часот Рома ќе игра со Лече.